Општина Битола со значителен напредок во усогласеноста на системот за интегритет и висока позиционираност меѓу општините во државата

Интегритетот има вистинско значење кога го менува начинот на кој сеопслужуваат граѓаните. Потврда за тоа е работата на Општина Битола која во извештајот на Државната комисија за спречување корупција за 2025 година забележа значаен напредок во делот на прифаќањето на политиката за интегритет и учествување во процесот на следење на примената на системот за интегритет. Ако во 2024 година беше валоризирана со 49,6% исполнетост, односно во категоријата „просечно", за 2025 година Општина Битола е валоризирана со 78,31% исполнетост, со што преминува во категоријата „добро" и се позиционира меѓу општините со повисоко ниво на усогласеност со системот за интегритет. Податоците покажуваат дека кај Општина Битола има јасен позитивен тренд во примената на системот за интегритет. Напредокот од речиси 29 процентни поени укажува дека општината во периодот меѓу двата циклуса на следење презела активности за подобрување на усогласеноста со обврските што произлегуваат од Политиката за интегритет. Овој напредок е особено значаен затоа што во 2025 година поголем дел од општините сè уште се наоѓаат во категоријата „просечно" или „слабо", додека Битола преминува во повисока категорија и покажува поголема институционална зрелост во споредба со претходната година. Во периодот 2024–2025 година, ДКСК континуирано работеше со единиците на локалната самоуправа на воспоставување, следење и унапредување…


