Општина Берово ги награди најуспешните ученици, ментори и млади таленти

Општина Берово ги награди најуспешните ученици, нивните ментори и младите таленти, вреднувајќи го нивниот труд, знаење, посветеност и постигнатите резултати на државни и меѓународни натпревари. Врз основа на доставената документација за освоени места и награди на индивидуални натпревари, парични награди од Општина Берово добија девет ученици од ОСУ „Ацо Русковски“ – Берово, како и шест нивни ментори. -Наградени се ученици кои постигнале значајни резултати на натпревари по биологија, англиски јазик, македонски јазик и музичка уметност. Прва награда освоија Викторија Чабуковска на натпревар по македонски јазик и Хадиса Демирова во областа на музичката уметност, додека останатите ученици освоија втори и трети награди. За постигнатите успеси, награди добија и нивните ментори Емилија Пачемска, Марина Гошевска, Даниела Вангелова, Лилјана Јованова, Натка Ременска и Даниела Трнковска, како признание за нивниот професионален ангажман и поддршката што им ја даваат на учениците, информираа од Општина Берово. Во рамки на поддршката на младите и нивните постигнувања, Општината ги награди и првенците на генерација – Јелена Бугариновска од ОСУ „Ацо Русковски“ и Јана Калпачка од ООУ „Никола Петров Русински“ од Русиново. Двете ученички добија по 15.000 денари како признание за нивниот труд, успех и посветеност во текот на образованието. Парични награди добија и мандолинските оркестри при ООУ „Дедо…


