klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Општина Аеродром денеска ги испраќа учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш кон славното Крушево

Општина Аеродром денеска ги испраќа учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш кон славното Крушево
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·27. 07. 2026. 08:30:54

Општина Аеродром денеска свечено ќе ги испрати учесниците на 48. традиционален Илинденски коњички марш, кои и оваа година ќе ја продолжат долгогодишната традиција во чест македонскиот национален празник – 2 Август – Илинден. Свечената церемонија ќе започне во 17:00 часот во паркот „Јане Сандански“, каде што градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, на коњаниците ќе им го предаде знамето на Општина Аеродром како симбол на поддршката и почитта кон нивната посветеност во негувањето на македонската традиција, историското наследство и илинденските вредности. По свеченоста, коњаницата ќе се упати кон храмот „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, каде што со почеток во 18:30 часот ќе се одржи централната свеченост и официјалното испраќање на учесниците кон славното Крушево. Општина Аеродром ги поканува сите граѓани да присуствуваат на свеченото испраќање и заедно да им оддадат признание на коњаниците, кои веќе 48 години достоинствено ја негуваат оваа значајна традиција и на новите генерации им ги пренесуваат духот на Илинден, патриотизмот и љубовта кон татковината.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti