ОН ја осуди ескалацијата на насилството од страна на паравоените сили РСФ во суданскиот град Ел Убеид

Советот за човекови права на Обединетите нации денеска усвои резолуција со која се осудува ескалацијата на насилството извршено од страна на паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) во суданскиот град Ел Убеид. Велика Британија, која го поднесе предлогот заедно со 14 други земји, претходно предупреди на ризикот од големи злосторства додека трупите на РСФ се собрани околу еден од најголемите градови во Судан, објавија британските медиуми. Опсадата на Ел Убеид потсетува на преземањето на Ел Фашир во Северен Дарфур минатата година, соопштија медиумите. „Тие ужаси не смеат да се повторат“, рече британската амбасадорка за човекови права, Елеонор Сандерс, во обраќањето пред Советот за човекови права на ОН. Други функционери, како што е амбасадорот на Јужна Африка Захир Лахер, ја поддржаа оваа осуда, наведувајќи дека сегашната ситуација е црвен аларм бидејќи членовите на РСФ „ги користат истите геноцидни методи што ги користеле во Ел-Фашир“. Шефот на ОН за човекови права, Волкер Турк, во петокот предупреди дека околу Ел-Убеид се одвива „катастрофа“ и дека неговата канцеларија документирала егзекуции по кратка постапка, киднапирања, тортура и сексуално насилство во околниот регион. Тој предупреди дека постојат јасни индикации дека сценариото за масовни злосторства се повторува и во овој дел од Судан, како оние извршени минатата…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

Во тетовско Непроштено одбележани 25 години од киднапирањето и убиството на локалните жители во 2001 година
