klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

ОН: Еболата во ДР Конго зафатила подрачје со големина на Франција

ОН: Еболата во ДР Конго зафатила подрачје со големина на Франција
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·21. 08. 2026. 12:48:07

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго одзеде повеќе од 2.500 животи и се шири експоненцијално на област поголема од површината на Франција, изјави денеска високиот координатор за борба со ебола на ОН, Жилиен Харне. „Финансирањето за помош ги покрива само следните неколку недели и може да истече доколку не се обезбедат повеќе пари“, рече Харне. Функционерот на Светската здравствена организација, Тиерно Балде, претходно оваа недела изјави дека епидемијата на ебола во Демократска Република Конго би можела да биде ставена под контрола во рок од три месеци доколку се обезбедат потребните ресурси. Бројот на потврдени случаи на ебола во ДР надмина 5.000 во последните денови, според Институтот за јавно здравје на земјата.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti