Олисе го собори рекордот на Пеле што траеше 56 години, а сега може да урне уште еден

Мајкл Олисе влезе во историјата на светските првенства откако го собори рекордот на Пеле по бројот на асистенции на еден Мундијал. Францускиот фудбалер за врска ја искористи голеадата во натпреварот за третото место против Англија и со вкупно седум асистенции го надмина легендарниот Бразилец, чиј рекорд траеше од 1970 година. Пеле на Мундијалот во Мексико забележа шест асистенции, додека по пет имаа Полјакот Роберт Гадоха во 1974 година, Германецот Пјер Литбарски во 1982, Диего Армандо Марадона во 1986 и Томас Хеслер во 1994 година. https://kurir.mk/sport/fudbal/kako-angliskiot-fudbal-go-sodzdade-francuskiot-as-majkl-olise/ Како Олисе стигна до рекордот? Олисе во групната фаза двапати му асистираше на Килијан Мбапе – против Сенегал и Ирак, а во натпреварот со Ирак му намести гол и на Усман Дембеле. Во шеснаесетфиналето против Шведска му асистираше на Бредли Баркола за вториот погодок на Франција, а потоа и на Мбапе за третиот. Последните две асистенции ги запиша против Англија во натпреварот за третото место. Најпрво го проигра Мбапе за намалување на 4:1 на почетокот од второто полувреме, а потоа му асистираше и во 66. минута, кога Франција се доближи на 4:3. Со тоа стигна до седум асистенции и стана нов рекордер на светските првенства. Следниот рекорд може да биде трансферски Покрај мундијалскиот рекорд, Олисе…


