klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Околу 26 милиони Французи под црвен метеоаларм поради топлотниот бран

Околу 26 милиони Французи под црвен метеоаларм поради топлотниот бран
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·12. 07. 2026. 12:18:51

Во 37 француски департмани денеска е прогласен црвен метеоаларм, а во поединечни делови од земјата се очекува температурата на воздухот да се искачи до 40 и 42 степени Целзиусови. Од топлотниот бран погодени се околу 26 милиони Французи. Маса од многу топол воздух стагнира над земјата неколку дена, создавајќи продолжен, интензивен и широко распространет топлотен бран, објави утрово Француската метеоролошка служба. Целата област на Париз, долината на Лоара и Бургундија во централниот дел, па сè до југот на Франција, се под црвена тревога. Додека во останатите делови од Франција во сила е портокалов аларм. Се очекува топлотниот бран да трае до средината на следната недела.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti