klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Океаните достигнаа рекордно висока температура во јули

Океаните достигнаа рекордно висока температура во јули
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·10. 08. 2026. 19:02:14

ОкеаниТЕ достигнаа највисоко ниво на температура некогаш забележано во јули, што е делумно поттикнато од развојот на феноменот Ел Нињо во Пацификот, покажуваат податоците на службата на Европската Унија за следење на климата. Просечната температура на површината на морето (SST) надвор од поларните региони, меѓу 60 степени северна и 60 степени јужна географска ширина, во јули изнесуваше 20,96 степени Целзиусови, што е повеќе од претходниот максимум забележан во 2023 година од 20,89 степени Целзиусови, пренесува Би-Би-Си. Минатиот месец беше втор најтопол јули во светската историја, со температура која беше за 1,47 степени Целзиусови над проценетиот прединдустриски просек, според податоците на службата за климатски промени „Коперник“. Во меѓувреме, Западна Европа ги доживеа најтоплите јуни и јули некогаш, со долготрајни топли и суви услови кои поттикнаа екстремни шумски пожари ширум регионот. Велика Британија оваа недела се подготвува за својот петти топлотен бран годинава, а сувото време дополнително ги оптоварува резервите на вода. Ширум Европа, температурата на површината на морето во јули достигна рекордно високо ниво долж атлантскиот брег и во западниот Медитеран, што придонесе за распространети силни и интензивни морски топлотни бранови. Ел Нињо е природен временски образец во Пацификот кој, во комбинација со глобалното затоплување, може да предизвика скокови на температурата…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti