klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Охриѓанката Атина Рувинова го освои Харвард: 36 часа без сон и победа со иновација што може да прерасне во стартап

Охриѓанката Атина Рувинова го освои Харвард: 36 часа без сон и победа со иновација што може да прерасне во стартап
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·21. 10. 2026. 18:07:55

Охриѓанката Атина Рувинова постигна голем меѓународен успех, освојувајќи го првото место во категоријата Daytona Track на престижниот студентски хакатон HackHarvard 2026, кој се одржа од 16 до 18 октомври на Универзитетот Харвард во САД. Заедно со својот тим, Атина за само 36 часа непрекината работа разви иновативно решение базирано на вештачка интелигенција, кое има потенцијал да прерасне во стартап-компанија. На годинашното издание на натпреварот учествуваа повеќе од 500 студенти од различни земји, кои имаа задача за кратко време да осмислат, развијат и презентираат оригинални технолошки решенија. Leash – решение за полесно организирање заеднички резервации Проектот со кој Атина и нејзиниот тим се искачија на првото место го носи името Leash. Станува збор за решение кое треба да го олесни организирањето групни патувања, резервации и активности, особено кога станува збор за поделба на трошоците меѓу повеќе луѓе. Наместо едно лице да ја плаќа целата сума однапред, а потоа да ги собира парите од останатите, платформата е осмислена да овозможи координација, поделба на трошоците и потврда на учеството преку вообичаената мобилна комуникација, без потреба од преземање посебна апликација. Зад едноставниот концепт стои систем што комбинира вештачка интелигенција, автоматизација и безбедносни механизми. За време на натпреварот, тимот развил функционален прототип и демонстрирал симулација…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti