Охридско: 44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни и јули

Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ Охрид, во текот на јуни и јули оваа година, во водите на Охридското езеро изврши 44 акциски контроли поврзани со кривичното дело „незаконит риболов“ и откривање лица сторители, како и пронаоѓање мрежи и други предмети од извршено кривично дело. -Притоа, при вршење на кривичното дело „незаконит риболов“, полициските службеници затекнаа две лица, едното од охридското село Пештани а другото од Струга, ги приведоа во полициската станица и против нив се поднесени соодветни пријави. Во текот на акциските контроли, пронајдени се вкупно 25 т.н. висечки рибарски мрежи со должина од четири километри и деветстотини метри кои се најстрого забранети за лов на риба и вкупен улов од 702 парчиња риба охридска белвица, односно вкупно 97.1 килограми, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ Охрид, и во текот на наредниот период ќе врши акциски контроли по овој основ, како и по одредбите од Законот за внатрешна пловидба.
Povezane vijesti
BROD U SRPSKOM KOMŠILUKU POGOĐEN DRONOM?! Panika u Crnom moru, posada hitno evakuisana: Odmah pokrenuta istraga
PAD AVIONA ODNEO ŠEST ŽIVOTA! Među poginulima i dete, spasioci zatekli jeziv prizor u olupini u Viskonsinu
