Охрид утре во знакот на пливањето: 16 натпреварувачи од осум држави на 39. Охридски пливачки маратон

Шеснаесет пливачи од осум држави утре ќе застанат на стартот на 39. Охридски пливачки маратон, што ќе се одржи на традиционалната 25-километарска патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Охридското пристаниште. На маратонот ќе настапат пливачи од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и од Аргентина, од кои 11 во машка и пет во женска конкуренција. Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на денешната прес-конференција во пресрет на маратонот истакна дека манифестацијата има значење што го надминува спортот и претставува важен дел од промоцијата на Охрид. - Охридскиот пливачки маратон не е само трка во светскиот календар во пливање на отворени води, туку и традиција, наша гордост и неизбришлив дел од охридскиот идентитет. Секој испливан метар од маратонот е приказна за силата на човечкиот дух, но и за љубовта кон езерото што нè спојува и поврзува. Тој го става нашиот град на светската мапа како центар на спортскиот дух, ја пренесува нашата култура и гостопримство ширум светот и ја инспирира секоја нова генерација млади охриѓани да спортуваат, но и да ги надминуваат сопствените граници, рече Пецаков. Тој го оцени маратонот како „круна на нашата летна сезона“ и силен симбол на отвореноста на Охрид кон светот, посакувајќи им на учесниците мирно…


