Офталмолошката амбуланта доби нов автоматски кераторефрактометар – компјутерски апарат

Нови медицински апарати, опремување на дерматолошка служба, реконструкција на системот за парно греење и подобрување на условите во здравствената установа се дел од активностите што ги реализира Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски“ во Вевчани, со поддршка од Владата, Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и преку донации. За првпат, Офталмолошката амбуланта доби нов автоматски кераторефрактометар – компјутерски апарат за брзо, автоматско и прецизно испитување на видот и геометријата на окото. За потребите на офталмолошката служба обезбедена е и лупа од 90 диоптрии, наменета за дијагностицирање заболувања на рожницата и анализа на очниот нерв. „Ова е уште една потврда дека го подигнуваме квалитетот на офталмолошката грижа за здравјето на очите на нашите пациенти. Прецизна дијагностика, брзи прегледи, поздрави очи, тоа е нашата грижа за секој пациент. Продолжуваме да ја модернизираме опремата за што поквалитетна здравствена услуга за нашите сограѓани“, изјави директорката на Здравствениот дом во Вевчани, Рената Пешиноска. Здравствениот дом обезбедува и итна медицинска помош за Вевчани, Лабуништа, Подгорци, Октиси, Велешта и други населени места. Според установата, располага со шест редовни тима за итна медицинска помош, со кои покрива околу 25.000 жители. Меѓу набавената опрема се и дерматоскоп, електрокаутер, криоспреј и медицински инструменти за новата дерматолошка служба, како и ЕКГ-апарати и дефибрилатор…
Povezane vijesti

Барбов да каже дали под притисок на Заев и Филипче го изготви извештајот за Михаилова?

9 ЧАСА НУРКАЊЕ ДОНЕСОА 3 СВЕТСКИ РЕКОРДИ ЗА МАТКА за најдлабоко истражена пештера од човек, за најдлабоко нуркање во пештера и...
