Sport Sjeverna Makedonija
Официјално Лука Модриќ го продолжи договорот со Милан

Kurir.mk·Бошко Тасиќ·24. 07. 2026. 06:03:48
Фудбалскиот клуб Милан објави дека хрватскиот фудбалер Лука Модриќ го продолжи договорот до 30 јуни 2027 година. Така, еден од најдобрите фудбалери на својата генерација ќе ја продолжи кариерата во дресот на „росонерите“, откако минатата сезона одигра 37 натпревари и постигна два гола за тимот. Во соопштението од Милан се наведува дека, од доаѓањето во клубот, Модриќ е клучен играч од средниот ред, кој носи искуство, квалитет и лидерски способности, како на теренот, така и надвор од него. „Една од најголемите и најпрепознатливите фигури во светскиот фудбал ќе го продолжи својот пат во дресот на Милан, со цел да постигне нови големи успеси“, објави италијанскиот клуб. Модриќ и следната сезона ќе го носи дресот со број 14.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


