ОФИЦИЈАЛНО: Канада идната година ќе дебитира на Евровизија

По повеќе од една деценија откако Австралија се приклучи, организаторите потврдија дека Канада ќе се натпреварува за првпат на најголемото европско музичко натпреварување. Правото да настапува за оваа земја беше овозможено откако канадскиот јавен сервис CBC/Radio-Canada стана полноправен член на Европската радиодифузна унија (EBU). Таа ќе го има своето деби на 71-то издание на Евровизискиот натпревар за песна, кој ќе се одржи во Бугарија, а канадскиот претставник прво ќе мора да помине низ полуфиналната фаза од натпреварот. Сè уште не е познато како ќе биде избран првиот канадски претставник. CBC/Radio-Canada објави дека ќе ги објават деталите за националните избори до крајот на годината. Веста за учеството на Канада не е големо изненадување за фановите на Евровизија. Интересот за ова натпреварување во таа земја расте со години, а канадската публика редовно учествува во гласањето во категоријата „Остатокот од светот“, пишува EBU. На овогодинешниот натпревар, Канада беше меѓу трите земји што дадоа најмногу гласови во таа категорија, додека голем број нејзини жители отпатуваа во Виена за да ги гледаат полуфиналињата и финалето во живо. Претседателката и генерална директорка на CBC/Radio-Canada, Мари-Филип Бушар, изјави дека ова е важен момент за канадската култура. Директорот на Евровизискиот натпревар при EBU, Мартин Грин, исто така го…


