klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Одржан состанок на Националното координативно тело за имплементација на Истанбулската конвенција

Одржан состанок на Националното координативно тело за имплементација на Истанбулската конвенција
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·20. 07. 2026. 13:16:27

Во просториите на Министерството за социјална политика, демографија и млади, денес се одржа состанок на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство (Истанбулска конвенција). Со состанокот претседаваше министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, а присуствуваше и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Пред членовите на Националното координативно тело беа презентирани измените на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, изготвени од работната група формирана за подготовка на законските измени. Предложените измени и дополнувања на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство имаат за цел за да обезбедат побрза и навремена реакција на надлежните институции за заштита на жртвите, при интервенција по пријава за насилство, проценка на ризикот и управување со ризикот, заради спречување на актуелно насилство и спречување насилството да се повтори. Согласно сознанијата од практичната примена на овој закон, се оцени потребата да се воведе брза интервенција на институциите кои постапуваат, мерките и активностите да ги преземаат така што ќе ја стават безбедноста на жртвата на прво место, ќе реагираат итно во ситуација на непосредна…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti