klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Одложено испитувањето на сведоците во случајот „Лотарија“, за доказите одбраната ќе се произнесе на 30 октомври

Одложено испитувањето на сведоците во случајот „Лотарија“, за доказите одбраната ќе се произнесе на 30 октомври
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·20. 10. 2026. 12:36:22

Одбраната во предметот „Државна лотарија“ ќе достави писмени поднесоци со образложение на околностите што треба да се утврдат со предложените докази, откако на денешното рочиште не беа испитани двајцата најавени сведоци поради нивното отсуство. Судот предложи сведоците да бидат испитани на рочиштето закажано за 30 октомври. Судот констатира дека едниот сведок не е во можност да присуствува на главната расправа, за што претходно го известил јавниот обвинител. Отсуството на другиот сведок, пак, како што беше посочено, е поради службено патување, за што обвинителството треба да достави соодветно известување до судот. Судијата предложи двајцата сведоци да бидат испитани на рочиштето закажано за 30 октомври, со цел да не се менува дополнително распоредот за нивното испитување. Поради отсуството на сведоците, судот продолжи со разгледување на прашањата поврзани со предложените докази. Повеќе бранители најавија дека ќе достават писмени поднесоци во кои поединечно ќе ги образложат околностите што треба да се утврдат со изведувањето на секој доказ, по што Јавното обвинителство ќе има можност да се произнесе. Судијата посочи дека одбраната треба за секој предложен доказ да ги наведе околностите чие утврдување го предлага со неговото изведување на главната расправа. Поднесоците треба да му бидат доставени на Јавното обвинителство пред рочиштето на 30 октомври…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti