Sport Sjeverna Makedonija
Одлично издание на Алкалоид на првиот европски меч

Kurir.mk·Бошко Тасиќ·17. 10. 2026. 19:04:17
РК Алкалоид победнички ја отвори новата сезона на европска сцена откако на првата средба против Ферлах на домашен терен славеа со 31-22 (16-11) во првиот натпревар од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп. На оваа средба поради повреди во составот не беа Ненад Костески и Вуко Борозан. Марко Митев со осум гола беше прв стрелец во редовите на Алкалоид, зад него беше Никола Костески со шест. Галевски запиша 10 одбрани, две од нив од седум метри. Реванш натпреварот се игра за една недела на теренот на Ферлах.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


