Оддавање почит на загинатите бранители кај Љуботенски бачила: Нивниот пример нека биде наш патоказ, а нивната храброст инспирација за секоја нова, сегашна и идна генерација

За нас 10 август не е само датум, тоа е ден кога Македонија молчи од почит и кога се поклонува пред своите херои, ден кога со гордост и благодарност се сеќава на своите македонски бранители. Нивниот пример нека биде наш патоказ, а нивната храброст инспирација за секоја нова, сегашна и идна генерација. Нивната љубов нека остане вечен пламен што сите ќе не обединува. Денес повеќе од кога било, наша обврска е да ја чуваме вистината за нивното дело, порача Александар Стојкоски, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, на центраталната комеморативна манифестација кај споменикот на паднатите бранители во селото Волково организирана од Општината по повод 25 години од загинувањето на македонските бранители кај месноста Љуботенски Бачила. Како што истакна Стојкоски, подвигот на бранителите не е само дел од историјата, туку претставува вечен завет - со храброст, чест и љубов кон Македонија. -Овој споменик секогаш сведочи за храброста, пожртвуваноста и љубовта кон татковината на нашите сожители Раде Јанковски, Ивица Златевски, Томе Димоски, Томислав Настевски и Ацо Ангеловски, како и на нашите браќа Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Марјанчо Бошковски, Бранко Јанев, кои во 2001 година кај месноста Љуботенски бачила ги положија своите животи бранејќи ја државата, нејзиниот мир, достоинство и слобода. Да зборуваме за…
Povezane vijesti

СДСМ: Кривичната против Јани Макрадули е класичен политички прогон на власта против неистомислениците

Тен Хаг: Роналдо го изневери и Јунајтед и мене како менаџер
