Одбраната на обвинетите во „Лотарија“ тврди набавката на ВЛТ-апаратите е потврдена со финансиските планови и планот за јавни набавки

Одлуката за набавка на видеолотариските (ВЛТ) апарати е потврдена преку усвоените финансиски планови и планот за јавни набавки, и истата е целосно во согласност со Законот за трговските друштва и Статутот на компанијата, изјави денеска бранителот на првообвинетиот Перпарим Бајрами, адвокатот Еленко Миланов по завршувањето на судското рочиште за случајот „Државна лотарија“. Одговарајќи на новинарско прашање за исказот на сведокот Христо Најданов, кој наведе дека на седница на Управниот одбор немало посебна расправа за набавката иако истовремено биле усвојувани извештаи и финансиски планови во кои за февруари била предвидена набавка на апаратите, Миланов посочи дека сеќавањето на сведокот не ги поништува донесените документи. - Сведокот изјави дека не е сигурен и дека не се сеќава дали таквата одлука и материјалите за нејзино донесување биле доставени и дали била донесена. Тоа што тој не се сеќава е една работа, но сите овие прашања се потврдени со одлуките што биле донесени при усвојувањето на финансиските планови. Исто така, и планот за јавни набавки е документ што го донеле директорот и Управниот одбор, при што и во тој дел се донесени соодветни одлуки - посочи Миланов. Постапката, тој појасни дека се водела преку законските надлежности на органите на управување, со задолжение директно од…
Povezane vijesti

Управниот одбор на „Лотарија“ не донел одлука за набавка на ВЛТ-терминалите, тврди сведок на Обвинителството

Сведок на судењето за „Лотарија“: Управниот одбор не донел конкретна одлука за набавка на ВЛТ-терминалите
