klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Одбележани 14 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица

Одбележани 14 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·23. 07. 2026. 08:43:50

Пред споменикот на загинатите од големиот пожар кој избувна над Струмица и притоа загинаа четири лица, а десетина беа повредени, денеска беа одбележани 14 години од овој трагичен настан. Во пожарот животите ги загубија браќата Пено Стојанов и Блажо Стојков од село Рич, Војо Гркљанов од село Вељуса и Мите Ѓеоргиев од Струмица. -Времето создава дистанца од настаните, но не и од нивното значење. Времето не може да избрише спомен за искрено херојство и жртва. Затоа, денес оддаваме почит на луѓето чии животи останаа трајно поврзани со историјата на нашата Струмица. Пожарите оставаат последици врз природата, семејствата, во заедницата и во сеќавањата. Затоа, секоја година кога се собираме на ова место потсетуваме дека со секоја несреќа секогаш сведочат човечки судбини, рече градоначалникот Петар Јанков. Цвеќе положоја претставници на семејствата на загинатите, градоначалникот и претставници на Советот на Општината, политички партии и граѓани.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti