klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Од утре сончево и потопло време, температурите до 35 степени

Од утре сончево и потопло време, температурите до 35 степени
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·27. 07. 2026. 11:32:52

Од утре следува период на сончево и топло време со мала локална облачност и постепен пораст на дневните температури, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен од северен и северозападен правец. Утринските температури ќе се движат меѓу 12 и 21 степен, додека дневните ќе бидат во интервал од 30 до 35 степени Целзиусови. Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе изнесува околу 18 степени, а максималната ќе достигне до 33 степени Целзиусови.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti