klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Од Свети Наум до Кеј Македонија: 16 пливачи ќе учествуваат на Охридски пливачки маратон

Од Свети Наум до Кеј Македонија: 16 пливачи ќе учествуваат на Охридски пливачки маратон
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·21. 08. 2026. 14:58:48

Со почеток во 11 часот од Свети Наум утре во водите на Охридското Езеро ќе се одржи 39-то издание на Охридскиот пливачки маратон. 16-те пливачи ќе пливаат на патеката „Климе Савин“. Патеката е долга 25 километри, со старт од Свети Наум, а целта е на Кеј Македонија. Ќе учествуваат вкупно 16 пливачи (11 кај мажите и 5 кај жените) од 8 држави. Вкупниот награден фонд на овогодишната манифестација изнесува 15.000 долари. - Ја користам приликата да ги поканам сите утре заедно да го проследиме маратонот и заедно да учествуваме во испишувањето на уште една страница од историјата на Охридскиот пливачки маратон и да ја продолжиме традицијата започната во далечната 1962 година. На пливачите им посакувам мирно езеро и успех, рече Ристе Јанкоски, координатор на организацискиот одбор на Охридскиот пливачки маратон, на денешната одржана прес-конференција. Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, ја истакна важноста на маратонот за градот и регионот. - За Охрид овој маратон има непроценливо значење. Тој го става нашиот град на светската мапа како центар на спортскиот дух, ја пренесува нашата култура и гостопримство ширум светот и ја инспирира секоја нова генерација млади охриѓани да спортуваат, но и да ги надминуваат сопствените граници. Маратонот е круна на нашата летна…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti