klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Обвинителството на Монако: Вчерашниот напад не е терористички чин

Обвинителството на Монако: Вчерашниот напад не е терористички чин
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·30. 06. 2026. 12:20:40

Нападот во Монако не е терористички чин. Почна истрага за обид за убиство, а за вчерашниот напад има само еден осомничен, соопшти Обвинителството на Монако. Во вчерашната експлозија пред влез во станбена зграда во Монако повредени се три лица. Според медиумите еден од тешко повредените е украинскиот олигарх Вадим Јермолаев, кој престојува во Монако како ВИП-бегалец од почетокот на војната во Украина. Во моментот на експлозијата тој заедно со неговата партнерка и синот тинејџер се враќале во нивниот дом. Во инцидентот потешко е повредена партнерката на Јермолаев, додека неговиот син е полесно повреден. Експлозивната направа била поставена во ранец и оставена пред влезот во зградата, а била детонирана кога семејството влегло во лобито.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti