klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Обвинителството ќе докажува дека мотивот била некрофилија, Бојковски пенетрирал во жените откако ги убивал

Обвинителството ќе докажува дека мотивот била некрофилија, Бојковски пенетрирал во жените откако ги убивал
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·09. 07. 2026. 11:28:57

Основниот суд во Куманово денеска ја одложи главната расправа против 25-годишниот Трајче Бојковски од Старо Нагоричане, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени, откако обвинетиот не се изјасни по обвинението, а неговиот бранител го откажа полномошното. Во воведниот збор, Јавното обвинителство најави дека преку доказната постапка ќе докажува дека доминантен мотив за извршување на делата била некрофилијата. Обвинетиот беше спроведен од Затвор Куманово, а во судницата присуствуваа членовите на семејствата на оштетените, јавниот обвинител и бранителот на обвинетиот. На почетокот на рочиштето, судијата Мирсад Суроји се обиде да ги утврди личните податоци на обвинетиот, но тоа не беше можно бидејќи Бојковски не комуницираше со судот. За време на обраќањата гледаше во плафонот и се смешкаше, без да одговара на поставените прашања, по што судот одреди кратка пауза. Во воведниот збор, обвинителството наведе дека во текот на постапката ќе изведе докази со кои ќе ги докаже сите елементи на кривичните дела што му се ставаат на товар на обвинетиот. - Ќе бидат изведени докази од кои ќе се утврдат сите битни факти и елементи на кривичните дела. Од записниците од ексхумациите во корелација со обдукциските наоди ќе се утврди начинот на извршување на делата, а од судско-психијатриското…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti