klik.world
Lifestyle Sjeverna Makedonija

Обвинителство: Утре резултатите од испитувањата на водата од гостиварскиот водовод

Обвинителство: Утре резултатите од испитувањата на водата од гостиварскиот водовод
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·19. 07. 2026. 09:59:38

Основното јавно обвинителство Гостивар е во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде по наредба на јавен обвинител се вршат анализи и испитувања на квалитетот на примероците од водата од гостиварскиот водовод, а резултатите се очекува да бидат готови утре за да се утврди натамошниот тек на постапката, информираат од Обвинителството. -Според најавите, резултатите треба да бидат доставени до надлежното обвинителство утре, по што ќе биде донесена одлука за понатамошното постапување. За исходот и натамошните чекори, јавноста ќе биде дополнително известена - посочуваат од таму. Во меѓувреме, по наредба на јавен обвинител, локацијата во Вруток и натаму е обезбедена, наведуваат од ЈОРСМ.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti