Обвинителство: Отворена истрага за загадувањето на водата во Гостивар, побаран притвор за тројца осомничени

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истражна постапка и поднесе предлог за 30-дневен притвор против директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ – Гостивар и двајца раководители во претпријатието. Тие се сомничат дека преку нелегално поставување пумпи во преливната комора во село Вруток, предизвикале загадување на водата за пиење со која се снабдува Гостивар. Ова беше соопштено на денешниот брифинг во гостиварското Обвинителство, на кој присуствуваа државниот јавен обвинител Ненад Савески, шефицата на ОЈО Гостивар Елизабета Јосифовска и надлежните јавни обвинители кои постапуваат по предметот, Зура Селими и Хазби Исеини. Надлежниот јавен обвинител Хазби Исеини појасни дека вчера е донесена наредба за истрага против трите лица, бидејќи постојат основани сомневања дека токму тие дале налози да се постават пумпите за да се зголеми притисокот во водоводниот систем за град Гостивар и околните села. – Ние се одлучивме против можните сторители, фактички осомничените сега, да донесеме наредба за истрага за тешки дела против животната средина и природата согласно член 234 став 2, а во врска со член 219 став 3 во врска со став 1, а делото сметаме дека е извршено во соизвршителство помеѓу тројцата. Во текот на истрагата, денеска е поднесен и предлог за определување на мерка притвор за сите тројца за 30…

