Обвинителите бараат Уставниот суд да одлучи за намалените плати

Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители изразуваат сериозна загриженост поради непостапувањето на Уставниот суд по поднесените иницијативи за оценување на уставноста на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за платите на јавните обвинители, како и Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители, со кои по третпат беа намалени коефициентите за пресметка на платите на јавните обвинители, соопштуваат од ЈОРМ. Според реакцијата, со ваквото непостапување веќе е создаден сериозен диспаритет во статусот меѓу јавните обвинители и судиите, со што директно е засегната уставно гарантираната самостојност на Јавното обвинителство како државен орган. - Уште еднаш нагласуваме дека финансиската независност претставува една од основните институционални гаранции за независно и непристрасно вршење на јавнообвинителската функција и не може да биде предмет на произволни и повторливи интервенции без објективни, јасни и уставно оправдани причини - наведуваат оттаму. Дополнуваат дека Уставот ја утврдува посебната положба на Јавното обвинителство како самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривични дела и други казниви дела определени со закон. - Таквата уставна поставеност не претставува формална определба, туку суштинска гаранција дека јавните обвинители својата функција ќе ја извршуваат слободно, професионално и без влијание од која било гранка на…
Povezane vijesti

Današnji horoskop: raki si postavite nove cilje, ribe potrebujete nekaj adrenalinskega
