klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Обновливите извори се уште не се доволни – јагленот и натаму останува главен енергенс за производство на струја во светот

Обновливите извори се уште не се доволни – јагленот и натаму останува главен енергенс за производство на струја во светот
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·21. 08. 2026. 09:12:03

Јагленот останува најголемиот поединечен извор на електрична енергија во светот и оваа година, со очекувано производство од 10.974 терават-часови (TWh), или речиси една третина од вкупното глобално производство, покажуваат новите прогнози на Меѓународната агенција за енергија (IEA). Гасот ќе биде втор по големина извор на електрична енергија со 6.976 TWh, по што следуваат хидроенергијата со 4.536 TWh, сончевата енергија со 3.289 TWh, ветерот со 2.898 TWh и нуклеарната енергија со 2.871 TWh. Сите обновливи извори заедно годинава по прв пат ќе го надминат производството на струја од јаглен, но ниту еден поединечен извор засега не мож да се спореди со него. Проблемот е што растот на потрошувачката на електрична енергија ја надминува стапката со која обновливите извори го заменуваат јагленот. Војната на Блискиот Исток доведе до повисоки цени на гасот во Европа и Азија, па затоа електраните што можат да избираат помеѓу гас и јаглен имаат поголем поттик да користат јаглен. Затоа, ИЕА ја ревидираше својата претходна проценка и сега очекува производството на електрична енергија од јаглен да се зголеми во 2026 година, наместо да се намали. Кина произведува повеќе од половина од светската електрична енергија од јаглен. Околу 55 проценти од струјата во Кина е добиена од јаглен. Во…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti