Новиот закон овозможува државни и приватни дата-центри, вели Николоски

Со новите законски решенија за урбанистичко планирање и градење надмината е досегашната правна празнина и создадена е рамка за изградба на дата-центри во државата. Иако сè уште нема конкретни иницијативи од приватниот сектор, државата сериозно размислува за изградба на државен дата-центар со цел заштита на институциите и зголемување на кибербезбедноста - посочи министерот за транспорт и вицепремиер, Александар Николоски, денеска, по увидот во реконструираната улица Лазар Димитров во општина Кисела Вода. Одговарајќи на новинарски прашања за локациите на овие центри и усогласувањето на подзаконските акти, тој нагласи дека примарната цел е да се фати чекор со светските трендови во оваа област, која досега воопшто не била регулирана. - Сакавме да фатиме чекор со времето имајќи предвид дека ова е она што го прави светот бидејќи кај нас законската регулатива воопшто го немаше предвидено. Бевме во една сива зона, ниту беше забрането ниту беше дозволено, и сметавме дека е добро да ја уредиме оваа материја. Досега од приватен инвеститор не дошла иницијатива за ваква инвестиција. Се надевам дека ќе дојде во следниот период. Инвестицијата може да е државна и може да е приватна. Мислам дека е паметно за Македонија во идниот период да размислува за една државна инвестиција за да ги…
Povezane vijesti

Izmenjen saobraćaj zbog radova na održavanju okretnice "Borča 3"

"Zbog Asmina sam izgubila...": Stanija u samoj završnici Elite 9 otvorila dušu do srži i rekla sve o Durdžiću
