klik.world
Tehnologija Sjeverna Makedonija

Нови содржини на апликацијата „Беббо“ во рамки на Светската недела на доењето

Нови содржини на апликацијата „Беббо“ во рамки на Светската недела на доењето
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·07. 08. 2026. 08:48:13

Институтот за јавно здравје продолжува да ја унапредува мобилната апликација „Беббо“, со цел родителите да имаат лесен пристап до сигурни и научно - засновани информации за здравјето и развојот на децата. Во рамките на Светската недела на доењето, апликацијата е дополнета со нови содржини, соопштија денеска од Институтот. Новите содржини на апликацијата вклучувале прашалник за родители - „Доење: практики, искуства и потешкотии“, информации за штетното влијание на пушењето, алкохолот и дрогата при доење, совети за млечните заби и првата посета на стоматолог, информации за инфо-линијата за откажување од пушење при доење, како и едукативни содржини за здрав раст и развој на детето. - Апликацијата „Беббо“ е создадена за да биде сигурен партнер на родителите - од бременоста, па сè до раното детство. Знаењето и информираноста е најдобрата поддршка за секое семејство - се додава во соопштението на Институтот.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti