klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Нови научни сознанија за поврзаноста на канабисот со кортизолот и стресот

Нови научни сознанија за поврзаноста на канабисот со кортизолот и стресот
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·28. 07. 2026. 08:13:21

Иако канабисот често се смета за средство за ублажување на стресот, новите наводи од американскиот Државен универзитет во Орегон посочуваат дека редовната употреба може да има спротивен ефект. Научниците поподробно ја разгледаа врската меѓу канабисот и стресот откако и претходни истражувања покажуваа дека марихуаната може да ги зголеми, наместо да ги намали нивоата на стрес, објави „Сајенс алерт“ (Science Alert). Научниот тим се сосредоточи на оската хипоталам-хипофиза-надбубрежна жлезда (ХПА), клучен систем за одговор на стрес којшто го контролира лачењето кортизол. Наодите, објавени во списанието „Канабис“ (Cannabis), покажуваат дека луѓето кои редовно користат канабис имаат повисоки нивоа на хормонот веднаш по будењето. - Нашето истражување укажува дека нивоата на кортизол по будењето би можеле да послужат како невробиолошки маркер за проблематичната употреба на канабис. Оваа врска треба дополнително да се истражи - вели неврологот Анита Червенка. Истражувањето опфатило 39 редовни корисници на канабис и 43 некорисници или контролни испитаници. Учесниците дале примероци од плунка веднаш по будењето, 30 минути подоцна и во 21 часот во текот на два работни дена. Примероците се тестирани за ниво на кортизол, а учесниците, исто така, пополнија прашалници за нивниот субјективен стрес, квалитетот на спиење и симптомите на менталното здравје. Контекстот на испитувањата е зголемувањето на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti