klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Нови детали за случајот во кој охриѓанец почина откако голтна паковка со кокаин

Нови детали за случајот во кој охриѓанец почина откако голтна паковка со кокаин
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·13. 07. 2026. 12:12:14

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.З.(55) и И.М.(32), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение дека А.З. сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а заедно со И.М. сториле кривично дело „тешки дела против здравјето на луѓето“. На двајцата, одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена. -На 08.07.2026 А.З. на второпријавениот и сега починатиот С.П. (44) од Охрид, на улицата „Васил Стефоски“ во Охрид им продал кокаин, а потоа тие со патничко возило „ренџ ровер“ со чешки национални ознаки, управувано од И.М. се упатиле кон булеварот „Туристичка“ во Охрид. Таму биле пресретнати од полициска патрола, при што И.М. не го сопрел возилото на даден знак од полициските службеници туку избегал, а бил сопрен по дополнително преземени активности. Притоа, полициските службеници во возилото го забележале С.П. од Охрид кој проголтал паковка со дрога, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид. Таму, и покрај укажаната лекарска помош, тој починал, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti