klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Нови цени на топлинската енергија

Нови цени на топлинската енергија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·27. 07. 2026. 12:04:32

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука со која од 1 август се зголемува цената на топлинската енергија за домаќинствата во Скопје. За корисниците кои се снабдуваат преку системот на ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција и ЕСМ Производство на топлина, цената ќе биде повисока во просек за 5,96 проценти. Кај потрошувачите на поранешна Топлана Скопје Север, сега Енерџи Еколинк, зголемувањето изнесува 3,6 проценти, додека за корисниците на ЕСМ Енергетика ќе биде околу 5 проценти. Претседателот на РКЕ, Ацо Ристов, изјави дека одлуката е донесена по сеопфатни економски и технички анализи на работењето на компаниите кои вршат снабдување со топлинска енергија во Скопје. Според пресметките на РКЕ, просечната месечна сметка ќе се зголеми за околу 140 денари, односно од досегашните 2.353 денари на 2.493 денари. Ристов посочи дека енергетските компании во постапката побарале зголемување на цените од 30 до 130 проценти, но Регулаторната комисија донела значително пониска корекција. Тој нагласи дека РКЕ ја поддржува иницијативата за спојување на сите компании на ЕСМ кои работат во секторот за топлинска енергија, со цел оптимизирање на ресурсите, зголемување на ефикасноста и создавање услови за поповолни цени за потрошувачите во иднина. Од Регулаторната комисија истакнуваат дека анализите…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti