Нови американски воздушни напади врз Иран, погоден танкер во Ормуската Теснина

Експлозии се регистрирани утринава во повеќе делови на Иран, додека американската војска соопшти дека завршила нов бран воздушни напади врз цели низ земјата. Ирански медиуми објавуваат дека експлозии се слушнале во Конарек, во југоисточната покраина Систан и Белуџистан, како и во пристанишниот град Чабахар на Оманскиот Залив. Иранската државна телевизија информира и за американски напади во близина на градот Шираз во јужниот дел на земјата, додека агенцијата „Фарс“ јави за повеќе експлозии во околината на островот Кешм во Ормуската Теснинан и во близина на јужниот град Бандар Абас. Американската Централна команда (CENTCOM) преку платформата „Икс“ соопшти дека е завршен најновиот бран напади кој, според американски воени извори, траел околу пет часа. Според CENTCOM, американските сили нападнале ирански воени командни центри, поморски капацитети, позиции за лансирање ракети и беспилотни летала, како и системи за противвоздушна одбрана, со цел да се намали способноста на Иран за напади врз трговските бродови што минуваат низ Ормус. Десетта последователна ноќ американските сили изведуват напади врз цели во Иран, на што Техеран одговори со одмазднички акции против држави во регионот каде што се распоредени американски воени бази. Во меѓувреме, танкер бил погоден од неидентификуван проектил во Ормуската Теснина, во близина на брегот на Оман, соопшти британската…


