Sport Sjeverna Makedonija
Новак Ѓоковиќ со нов рекорд се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон

Kurir.mk·Бошко Тасиќ·06. 07. 2026. 04:39:42
Новак Ѓоковиќ испиша нова страница во историјата на Вимблдон. Со победата во осминафиналето против рускиот тенисер Роман Сафјулин, тој ја постигна својата 106-та победа на терените на Ол Ингланд Клубот и со тоа го надмина претходниот рекордер Роџер Федерер. Во натпревар што траеше четири сета, Ѓоковиќ победи со 7:6(6), 6:3, 3:6, 6:3 и го обезбеди своето 17-то четвртфинале на Вимблдон во потрагата по својата 25-та титула на Гренд Слем. За полуфинале Ѓоковиќ ќе игра против победникот од натпреварот помеѓу Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасиме и Шпанецот Алехандро Давидович Фокин.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

