klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Нова веб-страница со податоци за состојбата со западнонилската треска, ризичните подрачја и преземените активности

Нова веб-страница со податоци за состојбата со западнонилската треска, ризичните подрачја и преземените активности
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·26. 08. 2026. 12:52:34

Нова веб-страница http://www.healthalert.mk/, на која има податоци за состојбата со западнонилската треска, ризичните подрачја и преземените активности, промовира денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски. Опфатени се податоци од Клиниката за инфективни болести, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, а во иднина ќе има податоци и од Агенцијата за храна и ветеринарство. - Со цел да обезбедиме навремено и максимално транспарентно информирање на јавноста за западнонилската треска, подготвивме нова веб-страница, која на едно место ги обединува сите податоци. Овде се комбинираат податоци во врска со епидемиолошката состојба, ризичните подрачја и преземените активности. Оваа мапа е благодарение на општествената одговорност на ГДИ - ГИС ДАТА, работена изминативе неколку дена - рече Клековски. На веб-страницата, појасни, е прикажана мапа со бројот на случаи со западнонилска треска, а во долниот агол стои кога е направено последното ажурирање. - Имаме 34 лоцирани потенцијални легла на комарци. Бројот на засегнати општини е девет. Општините се прикажани со различна боја во зависност од концентрацијата на случаи. Имаме листа на потенцијални легла на комарци со детален преглед. Даден е преглед на сите активности: на кој ден каде е прскано, со што е прскано и кој прскал. Случаите на заразени се геолоцирани по населени…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti