klik.world
Zdravlje Sjeverna Makedonija

Нова услуга за дијагностицирање различни невролошки состојби во болницата во Кавадарци

Нова услуга за дијагностицирање различни невролошки состојби во болницата во Кавадарци
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·21. 08. 2026. 15:11:33

ЈЗУ Општа болница со проширена дејност - Кавадарци во текот на денешниот ден го опремува ЕМГ - кабинетот, со цел да овозможи уште една современа дијагностичка услуга за пациентите, соопштија попладнево од јавната здравствена установа. - ЕМГ (електромиографија) е дијагностичка метода со што се испитува функцијата на периферните нерви и мускули и има значајна улога во дијагностицирањето на различни невролошки состојби - појаснија од кавадаречката болница. Кабинетот се очекува да започне со работа по 1 септември. Со тоа, како што додадоа од јавната здравствена установа, пациентите од Кавадарци и околината, ќе имаат можност дел од потребната дијагностика да ја реализираат во оваа болница. - Продолжуваме посветено да работиме на унапредување на здравствените услуги, модернизирање на дијагностиката и создавање подобри услови за нашите пациенти. Заедно градиме болница што е поблиску до пациентите и нивните потреби, потенцираа од кавадаречката болница. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti