klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

НОВА МАКЕДОНИЈА ЕКСКЛУЗИВНО: Ноќеска запален автомобил во Тафталиџе – возилото го користел судијата „ЅИДАР“ Ѓоко Ристов (ФОТО)

НОВА МАКЕДОНИЈА ЕКСКЛУЗИВНО: Ноќеска запален автомобил во Тафталиџе – возилото го користел судијата „ЅИДАР“ Ѓоко Ристов (ФОТО)
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·13. 07. 2026. 08:56:58

Ноќеска на улицата „Варшавска“ во скопската населба Тафталиџе целосно изгорел патнички автомобил, кој, според неофицијални информации, го користел судијата Ѓоко Ристов. Фотографиите од местото на настанот покажуваат дека возилото е речиси целосно уништено од пожарот, при што најголема штета е причинета на предниот дел и моторниот простор, објави НОВА МАКЕДОНИЈА. Инцидентот доаѓа во период кога името на судијата Ристов е во фокусот на јавноста по обвинението во кое Обвинителството тврди дека при претрес биле пронајдени околу 350.000 евра, додека Ристов ги негира обвинувањата и изјави дека со документација ќе докажува дека парите не се негова сопственост.Во овој момент не е познато дали постои каква било поврзаност меѓу пожарот и судскиот случај. Причините за избувнувањето на пожарот ќе ги утврдува истрагата, а се очекуваат и официјални информации од Министерството за внатрешни работи. МВР: Во тек е увид Околу еден час по објавување на веста за запалениот автомобил добивме информација за настанот од Министерството за внатрешни работи. -На 13.7.2026 околу 02:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Скопје, на територија на Карпош, било опожарено патничко возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Р.. Од пожарот биле оштетени и патничко возило „фолксваген туран“, сопственост на Д.М., патничко возило „сангјонг“, сопственост…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti