Svijet Sjeverna Makedonija
Нов паркинг простор во центарот на Битола

Kurir.mk·Валентина Стојановска·06. 08. 2026. 14:35:11
Изградбата на паркинг и улицата „Браќа Џаферови“ влегуваат во завршна фаза. Денес се асфалтираше и на оваа локација, а станува збор за површина од 1100 м2. Новиот паркинг простор ќе обезбеди 25 паркинг места, согласно проектот ќе има и улично осветлување, а изведена беше и атмосферска канализација. Со ова Битола добива уште еден паркинг простор во центарот на градот. Вкупната сума на средства кои што ги обезбеди општината од својот буџет изнесува 2.752.772 денари. И на неколку други локации се работи на новите паркинг места во градот, што е заложба на општината за подобрување на состојбата со сообраќајот во централното градско подрачје.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.
Povezane vijesti

Се решава статусот на професионалните војници над 45 години: Независниот синдикат на одбраната ја поздрави најавата на министерот Мисајловски
Kurir.mk·prije 9 min

Ова не е Париз, ова е Милано - и приказните не се исти: БУНТ НА ПЕРИФЕРИЈАТА ВО ЦЕНТАРОТ НА ЛУКСУЗОТ
Večer·prije 10 min

МИЛИОНСКА ШТЕТА ВО „ПОШТА“: Поранешен директор под истрага - речиси 11 милиони денари потрошени за казнени камати
Večer·prije 11 min