Норвежаните ќе се жалат против ФИФА

Норвешката фудбалска федерација (НФФ) ќе поднесе жалба до ФИФА поради мешањето на американскиот претседател Доналд Трамп во одлуката за поништување на црвениот картон на Фоларин Балогун. Претседателката на асоцијацијата, Лисе Клавенес, го објави потегот во интервју за The Times. Доналд Трамп потврди дека интервенирал, иако правилата на ФИФА строго забрануваат какво било мешање од страна на владите или државите во фудбалските прашања. Откако тврдеше дека го разбира спортот „многу добро“, Трамп објасни дека не бил свесен што значи црвен картон. „Не знаев што значи, мислев дека не е голема работа. Само побарав преглед. Не му кажав дека мора да го стори тоа“, рече американскиот претседател. САД подоцна беа убедливо поразени и елиминирани од првенството, Лисе Клавенес не сака случајот да биде заборавен и презема правни мерки. „Кога правилата се заобиколуваат на овој начин, одиме по опасен пат што го става целиот спорт во опасност“, изјави таа за Times. „Загрижувачки е за фудбалот кога се компромитирани основните правила на играта.“ Times откри дека одлуката за повлекување на црвениот картон ја донело само едно лице од 18-члениот Дисциплински комитет на ФИФА. Контроверзната одлука ја потврди претседателот на комисијата, Мохамед ал-Камали од Обединетите Арапски Емирати, без никаква консултација со другите 17 колеги.

