Нивото на Дунав во Бугарија продолжува да опаѓа, водостојот на критично ниско ниво

Водостојот на Дунав во Бугарија продолжува да опаѓа и се наоѓа на историски минимум, што ја отежнува пловидбата и сите активности поврзани со реката. Според податоците на Извршната агенција за истражување и одржување на реката Дунав, најниското ниво е измерено во близина на Русе, од-94 сантиметри. Мерењата покажаа -85 сантиметри во Орјахово, -77 сантиметри во Силистра, -62 сантиметри во Ново Село, -40 сантиметри во Свиштов и-23 сантиметри во Видин, додека во Никопол е забележано ниво од два сантиметри над референтната нула, пренесува порталот „Новините“. Водостојот достигна-218 сантиметри во Козлодуј, каде што се наоѓа истоимената нуклеарна централа. Пловидбата по реката е ограничена, а прогнозите укажуваат на тоа дека условите би можеле дополнително да се влошат во наредните денови, посебно околу островите Батин, Вардим и Белене. Директорот на Извршната агенција, Ивелин Занев, вели дека се очекува нискиот водостој да продолжи во текот на целиот август. - Акумулациите на браните Ѓердап 1 и Ѓердап 2 не се целосно полни, што значи дека дури и дополнителните испуштања вода би имале само ограничено влијание врз водостојот на реката – рече тој. На Дунав останаа насукани три товарни брода, додека пловидбите на бродовите за крстарење долж бугарскиот дел од реката се прекинати. Нуклеарната централа „Козлодуј“ засега…

