klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Ниското ниво на реките го загрозува производството во германската хемиска индустрија

Ниското ниво на реките го загрозува производството во германската хемиска индустрија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·06. 08. 2026. 06:57:34

Германската хемиска индустрија предупреди дека ниските водостои на Рајна и другите пловни реки во земјата може да принудат дел од компаниите да го намалат производството поради зголемени транспортни трошоци и притисокот врз синџирите на снабдување. „Ако бродовите мора да превезуваат помали количини или воопшто не можат да сообраќаат, трошоците растат, синџирите на снабдување се оптоваруваат, а производството е ограничено“, изјави за агенцијата ДПА генералниот директор на Здружението на германската хемиска индустрија, Волфганг Гросе Ентруп. Предупредувањето доаѓа во пресрет на конференцијата за ниските водостои што во Бон ја свикува германскиот министер за транспорт, Штефен Билгер. Институтот за светска економија од Кил проценува дека ниското ниво на реките може да ја чини германската економија меѓу една и две милијарди евра во загубено производство во третиот квартал, со можно намалување на бруто домашниот производ за 0,1 до 0,2 отсто. Рајна е една од најважните европски водни транспортни рути во Германија. Хемиските компании, меѓу кои „BASF“, „Evonik Industries“ и „Covestro“, ја користат за транспорт на суровини и производи како метанол, бутан, пропан и амонијак. Во 2024 година по германските внатрешни водни патишта биле превезени околу 20 милиони тони хемиски производи и сировини. Од компанијата „BASF“ наведуваат дека вообичаено околу 40 отсто од стоките од…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti