Николовска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во здравствените работници, нови 300 специјализанти и повисоки плати за 40% до крај на мандатот

Кога зборуваме за јавното здравство, мора да зборуваме и за луѓето кои се неговиот најважен столб – лекарите, медицинските сестри, специјалистите и сите здравствени работници, изјави Александра Николовска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ. Николовска истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни чекори за решавање на недостигот на медицински кадар и најави вработување на преостанатите 300 приватни специјализанти до крајот на 2026 година. Со тоа, како што посочи, ќе се заокружи предвидената бројка од 600 приватни специјализанти, од кои првите 300 веќе се вработени. „Приоритет ќе имаат општите и хируршките болници надвор од Скопје, како и дефицитарните медицински профили. Тоа значи дека ќе го јакнеме здравствениот систем таму каде што има најголема потреба“, рече Николовска. Таа нагласи дека со вработувањето на специјализантите младите лекари добиваат професионална перспектива, а истовремено се зајакнуваат јавните здравствени установи низ целата држава. Според неа, граѓаните од Штип, Тетово, Кичево и другите градови треба да имаат пристап до специјалистичка здравствена услуга во своето место, без да бидат принудени за секој преглед или интервенција да патуваат во Скопје. Николовска се осврна и на растот на платите на здравствените работници и соработници во јавните здравствени установи. Таа посочи дека во 2024 година средствата за плати во здравството се зголемиле за…
Povezane vijesti

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Состанок во владата за спроведувањето на програмите ИПА 2 и ИПА 3
