klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Николоски: Заврши тендерот за набавка на 150 нови електрични автобуси, првите 30 ќе пристигнат до декември или јануари

Николоски: Заврши тендерот за набавка на 150 нови електрични автобуси, првите 30 ќе пристигнат до декември или јануари
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·10. 08. 2026. 19:16:06

Скопје ќе ги добие првите 30 нови електрични автобуси до декемри годинава, или јануари 2027год. Ова вечерва во "Тема на денот" го соопшти заменик претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој истакна дека процесот за жалба е завршен и сега министерството ќе пристапи кон потпишување на договор со избраниот понудувач. -Заврши процесот на жалба, така што овој пат процесот е целосно завршен, сега влегуваме во процес на потпишување на договор, иако рокот на испорака е 6 месеци од денот на потпишување на договорот, моето барање од понудувачот е првите автобуси да стигнат во декември месец, рече Николоски. Вицепремиерот додаде дека според јавната набавка, планирано е сите 150 автобуси да бидат испорачани во рок од 18 месеци. -Планирано е следните 60 автобуси да стигнат во рок од 12 месеци, и уште 60 да стигнат во рок од 18 месеци. Така што за година ипол треба да заврши целата испорака, истакна заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti