klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Николоски: Задоволен сум од динамиката за меѓудржавниот пат од Тетово до Призрен, наскоро и автопат од Букојчани до Кичево

Николоски: Задоволен сум од динамиката за меѓудржавниот пат од Тетово до Призрен, наскоро и автопат од Букојчани до Кичево
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·15. 07. 2026. 12:20:33

Задоволен сум од досегашната динамика за изградба на меѓудржавниот пат од Тетово до Призрен, а во следна фаза ќе одиме на финансирање, истакна министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски во одговор на пратеничко прашање поставено од пратеничката Рина Ајдари, во врска со најавената изградба на магистралниот пат од Тетово до Призрен. На денешната собраниска седница, министерот и заменик претседател на Владата, Николоски, најави изградба на нов автопат кој ќе води од Букојчани до Кичево и ќе се спои со автопатот Охрид-Кичево, проект кој, како што рече Николоски, доби т.н. „no objection“ од Европската банка за обнова и развој. - Динамиката на меѓудржавниот пат меѓу Тетово и Призрен, еден од споевите меѓу Македонија и Косово, оди добро. Во рамки на Јавното претпријатие за државни патишта формирана е меѓуресорска комисија која што работи на изработка на потребната документација, а ја подготвува Градежниот факултет. Во условно кажано полесниот дел од проектот работата е завршена, иако проектот е доста комплициран. Сега се побарани податоци од Градежниот факултет во однос на прекуграничниот тунел затоа што идејата е со прекуграничен тунел да се спојат двете држави. Побарани се податоци и од Република Косово затоа што тунелот ќе почнува на наша територија, а ќе заврши на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti