klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Николоски: Владата прави сè што е во наша моќ да помогнеме на превозниците, склучуваме билатерални договори со земјите дел од Шенген зоната

Николоски: Владата прави сè што е во наша моќ да помогнеме на превозниците, склучуваме билатерални договори со земјите дел од Шенген зоната
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·24. 08. 2026. 10:03:34

Владата има целосно разбирање за македонските транспортери, преземаме активности за изнаоѓање решенија преку билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и потенцира дека Македонија наскоро ќе склучи нови договори со земји членки на Шенген зоната и на тој начин самостојно го решава проблемот. „Имаме целосно разбирање за транспортерите и се обидуваме во рамки на нашите можности да помогнеме и да изнајдеме решенија. Се работи за правила во Шенген зоната, а она што ние можеме да го направиме е да потпишуваме билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната. Тоа веќе го правиме и веќе постигнавме договор со неколку земји, а во следниот период интензивно ќе работиме и на договор со други земји, Во текот на септември е најавена средба на високо ниво со австриската влада, во текот на октомври со словенечката влада, така што ние не застануваме и продолжуваме да работиме на билатерални договори со сите земји кои што се расположени“, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт. Тој посочи дека целта е да се обезбеди покриеност на рутите по кои најчесто се движат македонските транспортери. „Гледаме генерално да ги покриеме рутите каде што традиционално македонските…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti