Николоски-Варнс: Во фокусот инфраструктурните проекти и стратешкото партнерство

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија. На средбата се разговараше за тековните инфраструктурни проекти, економската соработка и можностите за понатамошно продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Министерот Николоски истакна дека Владата е силно посветена на реализацијата на капиталните инфраструктурни инвестиции како значаен двигател на економскиот раст, регионалното поврзување и подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните. На средбата беше потврдена заедничката определба за натамошно продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, во духот на традиционалното пријателство и партнерство меѓу двете земји.
Povezane vijesti

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

Пронајдена марихуана кај 20-годишник во Кавадарци
