Николоски: Тунелот кај Пресека на автопатот Охрид-Кичево е речиси завршен, за скоро го пуштиме во употреба

Финеси се работат на завршување на тунелот кај Пресека на автопатот Охрид-Кичево и во следните неколку недели ќе го пуштиме во употреба и целата таа делница од Извор до Врбјани со галериите, истакна во интервјуто за "360 степени" заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. „Таму одлично оди работата, сега одиме на фини работи, еве во среда ќе одиме со директорот Трајновски на терен да видиме. Значи сме стигнати буквално до фарбање на тунелот, до поставување на осветлување во тунелот. Значи оние најситни, најфини работи, штом сме стигнале до таму, значи дека е одлично напреднато. Кога ќе се заврши целиот проект, треба да се дадат две дозволи. Едната е од Министерството за транспорт, втората е од Министерството за внатрешни работи. Никој нема да си дозволи да потпише било каков документ доколку сите стандарди не се исполнети“, истакна Николоски. Тој во интервјуто потенцира дека ќе остане за изградба најтешката делница кај Ботун, а целиот автопат да биде завршен во предвидениот рок. „Останува најтешкиот дел на автопатот, знам дека многумина се зачудени зошто е тоа така, тоа е кај селото Ботун, по течението на реката Сатенска. Се избрало како што се избрало решение, таму целата земја е графитна, тоа…
Povezane vijesti

Николоски: Нема да дозволиме импровизации на автопатот Охрид-Кичево, тунелите кај Пресека се пуштаат следниот месец

Николоски: Шест автопатски делници се градат истовремено, дел од нив ќе бидат готови до 2029 година
