klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Николоски: Тетово доживува инфраструктурен бум, се реализираат проекти во висина од 428 милиони денари

Николоски: Тетово доживува инфраструктурен бум, се реализираат проекти во висина од 428 милиони денари
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·10. 07. 2026. 08:56:45

-Навистина е големо задоволство кога ќе се видат завршени проекти, му честитам на градоначалникот, навистина прави одлична работа. Тетово доживува инфраструктурен бим и тоа е за секоја поддршка и за секое поздравување. Улицата „Штипска“ е дел од проектот кој што го работиме заедно со општината и со Светска банка, драго ми е дека истата е завршена, а она што со гордост сакам да го кажам дека општина Тетово, само преку програмите кои што одат преку министерството за транспорт досега има реализирано или реализира проекти од 428 милиони денари што е исклучително добра сума за реализација на инфраструктурни проекти. Но, она што е уште побитно, степенот на реализација е исклучително висок, и ако земам да ги читам сите оние завршени преокти ќе ми треба половина час, рече Николоски. Вицепремиерот му честиташе на Касами за сработеното притоа потенцирајќи дека ретко која општина во државата може да се пофали со толкав голем број на реализирани проекти, при што соработката и поддршката ќе продолжи и во следниот период. -Веќе поразговаравме за некои следни проекти, а ќе продолжиме тоа да го правиме и во следниот период и заеднички да работиме. Исто така работиме на поширокото инфраструктурно поврзување. Добро оди изградбата на автопатот Тетово – Гостивар…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti