klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Николоски: Со Албанија работиме на алтернативна рута за Ќафасан-Требеништа, законот за плажите треба да биде готов до крајот на годината

Николоски: Со Албанија работиме на алтернативна рута за Ќафасан-Требеништа, законот за плажите треба да биде готов до крајот на годината
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·24. 08. 2026. 11:21:13

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска соопшти дека со Албанија веќе се работи на изнаоѓање алтернативна рута за автопатот Ќафасан - Требеништа. Добро оди, рече Николоски, и работата на патот Извор - Гарски Мост, а автопатот од Тетово кој има три делници, се очекува да биде завршен за три години. Како што информира Николоски, до крајот на годинава треба да се изготви и законот за крајбрежјата на Охридско, Преспанско и Дојранско Езеро со кој, како што рече, ќе се решат досегашните проблеми со плажите. -Во однос на Коридорот 8, трасата Ќафасан - Требеништа, јасна е препораката - да се изнајде алтернативна рута или друга, различна од оваа што беше во рамки на договорот и да биде дискутирана со Албанија. Ние веќе интензивно комуницираме со Република Албанија и разгледуваме одредени опции. Автопат ќе се гради, не е веќе прашање дали ќе се гради и тоа е добрата вест од препораките на УНЕСКО. Она што треба да се направи е само да се избере соодветна рута за да не наштети ниту на културно-историското наследство, ниту на биодиверзитетот. И ова не е прв проект во кој ќе се промени рута. Аавотпатот од Гостивар до Букојчани имаше една рута, но имаше и…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti